Ја напуштив работата и во моментов целосно се посветив на ова шоу, сакам сите да знаат дека кога пеам, се чувствувам како дома, рече во синоќешната емисија Даниел Кајмакоски.
Момчето од Струга ги освои симпатиите на балканската јавност, а најдобриот дел од „Икс-фактор“ допрва доаѓа. Од 7 јануари настапите на полуфиналистите ќе одат во живо на телевизиите низ цел Балкан, а публиката ќе го има правото да одлучува кој оди понатаму.
Жељко Јоксимовиќ и Тони Цетински во синоќешната епизода се согласија дека во Даниел има нешто посебно, токму она што шоуто го бара. Тој нема само иск-фактор, туку светски икс-фактор.
– Леле мајко, ги знаев резултатите, а, сепак, плаќев цело време. Не знам како вам ви изгледаше, ама мислам дека досега ова беше најдобрата емисија на „Икс-фактор“ – ја поздрави Даниел својата публика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


