| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца Македонци во полуфиналето на „Икс фактор“

– Поинаку и не очекувавме, беше фантастичен – вака Жељко Јоксимовиќ и Тони Цетински го оценија настапот на стружанецот Даниел Кајмакоски во третата фаза од аудициите на „Икс фактор“.

Истото го чувствува и македонската публика, која и вечерва ги преполна социјалните мрежи со пофалби за настапот на македонскиот кандидат. Балканот ќе може и понатаму да навива и да се восхитува на Даниел, кој е еден од тројцата кандидати од групата на Жељко кои одат понатаму.

Покрај него, Жељко и Тони ги одбраа професорот по тромбон Младен Лукиќ и ќерката на починатата српска музичка легенда Луис, Маја Новаковиќ.

Во групата на Кристина, пак , со трогателен говор беше кажана одлуката дека Фифи продолжува понатаму, како дел од дуото „H2O“ со втората генерација на еачи од семејството Џогани, Маринела.

Браќата од Гевгелија, пак, Иван и Кико Раденови, засега немаат обезбедено место во финалето. Сепак, шоуто остава можност публиката да гласа за своите фаворити од испаднатите и можноста оние со најмногу гласови да се вратат во натпреварот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top