| четврток, 6 декември 2018 |

35 семејства со новороденчиња предновогодишно добија парична помош

biljana_belicanec

По шести пат денес, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, додели ваучери за еднократна парична помош во висина од шест илјади денари на 35 семејства со принова од општината.

-Во пресрет на новогодишните празници продолжуваме со практиката на доделување ваучери за еднократна парична помош за новороденчиња. Со денешново јавно доделување, вкупниот број ваучери кои Општината ги додели од почетокот на примената на оваа мерка, односно од 20.06.2013 година, изнесува 252. Тоа значи дека општината ни е побогата за 252 сосетчиња – информираше градоначалникот Беличанец-Алексиќ и изрази надеж дека средствата добро ќе им дојдат на семејствата во овие празнични денови.

Таа упати јасна порака дека Општина Кисела Вода се грижи и понатаму ќе се грижи за своите најмали жители и најави дека овој проект ќе продолжи сѐ до крајот на нејзиниот мандат.

Истовремено, ги повика сите родители кои ги исполнуваат критериумите заедно со барањето да достават лична карта или друг документ за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓањето на детето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top