| четврток, 6 декември 2018 |

Весна Бејби, Тони, Џамбазов, Сашко Коцев, Плејбој…сѐ на едно место

Република подготви многу интересни натписи, разговори прилози... Еве што вие најмногу читавте од она што ние го направивме за вас, а е поврзано со сцена, естрада, музика, живот...

Некој се осмели оставените деца повторно да ги остави 

Vesna-Petrusevska-1

Иако разголените секси Македонки предизвикуваа многу внимание цело лето, од страдните личности најчитана беше Весна Петрушевска, односно интервјуто кое го направивме со неа по пожарот што ја зафати куќата на нејзините родители. Таа за „Република“ отворено зборуваше за згодите и незгодите во нејзиниот живот, за разводот со нејзиниот сопруг, за обидот да си го одземе животот. Интервјуто со Петрушевска прочитајте го на следниот линк.

Несудени македонски двојки (ФОТО)

igor i iskra

„Република“  ве потсети на познатите Македонци кои некогаш беа во врска или брак, а денес повеќе не се заедно. Спомените од деведесетите, па и почетоктот на овој век, го привлекоа вашето внимание. Доколку сакате да се потсетите на паровите кои ние ви ги претставивме, отворете го следниот линк.

Почина Дуле од дуото „Дуле и Коки“ 

dule2

Една лоша вест, која не сакавме да ја прифатиме како вистина. Прераната смрт на Дуле од дуото „Дуле и Коки“ ги потресе сите. Се читаше сѐ што е поврзано со него…спомени, изјави за него, се слушаа неговите песни, се пееше за него...

Како изгледа малата Босилка од „Опстанок“ (фото) 

bosilka

Ве потсетивме на многу ликови кои биле присутни на малите ТВ екрани, а со години ги нема. Се чини малата Босилка од серијата „Опстанок“ беше најинтересниот лик за вас.

Југословенки во Плејбој во осумдесетите 

marija plejboj7

Кои се Југословенките кои се соблекоа за најпопуларното машко списание? Одговорот е на следниот линк. Секако, не ги заборавивме ниту Македонките кои позираа разголени за Плејбој.

Најкреативните имиња на децата на познатите Македонци 

Vlatko-StefanovskiМакедонците знаат да бидат креативни, а тоа го докажуваат со изборот на имиња на нивните деца.

Македонскиот бог на сексот 

kiko idol1

Кико Ринглата заслужено може да го носи приматот личност на годината…Зошто? Потсетете се на следниот линк.

Матурските фотографии на познатите – како изгледаа Марјана, Боки 13, Елена Ристеска 

elena ristevska

Ги објавивме матурските фотографии на дел од нашите познати личности. 

Најзгодните деца на познатите Македонци (ФОТО) 

aleksandar mihajlovski1

Тие се згодни, нивните деца уште позгодни… Децата на Тони Михајловски, Силвија и Ненад Стојановски, на Петрески, Дебарлиева…

Амернис Нокшиќи – вистинска дива на црвениот тепих

amernis

Критикувавме, но и фалевме. Амернис Нокшиќи е една од оние јавни личности кои заслужуваат највисоки оценки за нивниот имиџ, стил и излед… Тука е и симпатичната Иванна Хаџиевска.

Златна Бубамара 2013 – Сашко Коцев (видео) 

bubamara-fotogalerija

Неповторливиот Сашко Коцев не изнасмеа на Златна Бубамара на популарноста. Воопшто не е изненадување што видеото од Бубамара влезе меѓу најчитаните вести од забавата во 2013 година.

Првите мисици во независна Македонија (ФОТО) 

sanja nikolic

„Република“ ве потсети на Мис Македонија од независноста па навака…

Тони Михајлоски: Кој е тој фраер кој на сите ни кажа дека сме глупи и филмовите не ни вредат 

Ballantines - Toni Mihajlovski

Тоа е име кое секогаш е интересно за јавноста. Сѐ што ќе се напише за Тони е интересно, сѐ што тој ќе каже е оригинално. Лик кој јавноста го сака.

Игор Џамбазов: Дотичниот што ми посака смрт ќе биде награден 

Dzambazov 50 god  (5) (Custom)

И ова е уште еден лик кој со секое појавување го привлекува вниманието. Интересен, харизматичен, оригинален, талентиран, свој. Човек кој знае да се пошегува на своја сметка, да прифати критика, умешно да врати на навреда… Човекот кој годинава прослави многу јубилеи. Детето во тело на педесетгодишник.

Што најмногу читавте од статиите поврзани со Македонија? Проверете на следниот линк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top