| четврток, 6 декември 2018 |

Вељаноски: Празникот да ги зближи сите верници

Trajko-Veljanovski-top2

Трајко Вељаноски, претседателот на Собранието на Република Македонија, им го честита Божик на сите припадници со католичка вероисповед посакувајќи овој празник да ги зближи сите верници.

„Христовото раѓање е почеток на духовната промена за човековиот род, меѓник за поделба на новата и старата ера и најрадосниот ден за секој верник во христијанството. Ова е празникот кој е исполнет со многу љубов и топлина, кон Бога, семејството и ближните, како и верба во себе и во другите. Денешниот голем христијански празник нека ги зближи сите верници и нека даде поттик за создавање добри дела, без лоши мисли и почит кон христијанските вредности на мир, соработка и заедништво“, се вели во честитката на Вељаноски, која ја испрати до бискупот скопски и апостолски егзарх, Киро Стојанов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top