
-Затоа ги повикуваме во иднина да се свестат, тие да го следат нашиот пример и да ни се придружат во нашиот еко-марш, бидејќи ние децата на Скопје, возрасните и пензионерите немаме резервни бели дробови- рече претседателот на граѓанската иницијатива „Урбано општество“ Мартин Серафимов.
Тој истакна дека протестите кои се прават во центарот на градот, за време на сообраќајниот шпиц во градот се демонстрација на загадување на средината.
-Урбано општество е против тоа загадување, решивме да протестираме со велосипеди, тоа е нашето „не“ за загадувањето и метежот кој се прави во главниот град- потенцира Серафимов.
Од „Урбано општество“ велат дека со велосипеди ќе го изразат незадоволството од секојдневното загадување при протестите кои се случуваат секој ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


