| четврток, 6 декември 2018 |

Путин член на македонска партија

putin

Рускиот претседател Владимир Путин стана член на македонска партија. На конгресот на Сојузот на Титови леви сили била донесена одлука со која Путин бил прогласен за почесен член на оваа партија. Нему, како што велат од Титовите леви сили, ќе му се додели златна плакета и златник со ликот на Тито.

– Ќе му предложиме на Советот на Град Скопје да го прогласи рускиот претседател за почесен граѓанин на Скопје и да му додели златен клуч, во знак на признание за досегашната соработка и изградбата на Јужен тек. За овие иницијативи уредно се информирани Амбасадата на Русија во Македонија и лично амбасадорот – вели лидерот на Сојузот на Титови леви сили, Слободан Угриновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top