
Огорчен од пресудата: Осудениот Јорданчо Михајлов (втор од десно)
Весна Димишкова, судијка во Основниот суд Скопје 1, која предмалку ги соопшти пресудите за случајот „Детонатор“, ладнокрвно им одговори на двајца од осудените, Жан Железарски и Горан Божиновски, кои тивко меѓусебе коментирале дека судијата по судењето „ќе лета како гулаб“.
– Не ви се плашам! – рече Димишкова откако претходно ги опомена да се престанат да си дошепнуваат и додаде:
– Постојано ги слушам тие закани. Да знаете и јас да не сум тука, ќе дојде друг судија кој ќе ви суди овде.
Од дофрлања не беше поштедена ниту обвинителката Вилма Русковска. Осудениот Јорданчо Михајлов во моментот кога требаше да се изјасни за притворот, викна:
– Барам од судот да ме стрелате. Што ќе ми е живот по 14 години поминати во затвор – викаше Михајлов.
На крајот кога судиите се повлекоа да решаваат дали ќе им го продолжат притворот на 16-те сега осудени, Михајлов повторно се сврте накај Русковска. Полицајците се вознемирија и го опколија убедувајќи го да се смири.
– Кај ќе ви оди душата, обвинителке! Вие по ова ќе си одите дома, а јас ќе останам во притвор. Цела фамилија ми се разболе – гневно реагираше Михајлов.
Пред судот, по завршувањето на изрекувањето, Русковка беше прашана за дофрлањата.
– Не знам зошто мене ми се обраќа. Пресудите се такви, како што ги слушнавте. Типот на овие кривични дела е таков да судот или ќе донесе високи казни или ќе ги ослободи обвинетите. Јас сум задоволна од пресудите. Сакам да се заблагодарам на МВР за соработката, како и за коректното однесување на медиумите – рече Русковска.
Шеснаесетте обвинети за случајот „Детонатор“ добија вкупно 92 години затвор, при што двајца беа ослободени, а двајца кои се во бегство добија доживотна казна затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нетпрес: Закани кон асистент на претседателот на ДИК, „Главата на мајка ти може да летне далеку“
-
Џихадистите со заканувачки постер: Ќе посееме смрт во метрото во Њујорк и…!
-
Детали од заканувачките писма до Коѕијас и грчките министри: Имаме 3 куршуми, по еден за секоја Македонија
-
Ако не гласате за СДС ќе падне крв и молотови коктели – СДСМ се заканува на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба


