Во саботата, на 21 Декември во новo отворениот трговски, „Capitol Mall“, се појавија танчери кои почнаа дa се движат како роботи и да играат, а со тоа беа вистинска атракција која ги привлече погледите на сите минувачи.
Всушност стануваше збор за Флеш моб организиран од студентски невладини и непрофитни организации „ЕЕСТЕК ЛК Скопје“, „IEEE SBM“ и „СПФЕИТ“ во соработка со танчерското студио „Аква“. На овој симболичен начин студентите сакаа да им ја честитаат Новата година на присутните делејќи новогодишни честитки, но и да го најават 5-тиот по ред, јубилеен „РобоМак 2014“, кој ќе се одржи во Март 2014.
„РобоМАК“ претставува меѓународен натпревар за роботика, програмирање и вештачка интелигенција. Преку овој настан им се овозможува на студентите да се запознаат со најновите технолошки достигнувања во роботиката и вештачка интелигенција, исто така им се овозможува и практично да ги применат програмерските знаења. Овој настан ја буди свеста за вештачката интелигенција која се повеќе наоѓа примена во секојдневието, ги поттикнува младите да размислуваат на овие теми, но и ја анимира пошироката јавност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



