Поранешната извршна директорка на водечката светска компанија за производство на златен накит „Тифани енд Ко“, доби година и еден ден затвор откако е осудена за кражба на накит во вредност од 1,2 милиона долари.
Ингрид Ледерхас-Окун (46) ја признала вината за пренесување на украден имот преку граница, злостроство што федералниот судија во Њујорк го оцени како „необјаснив чин на самоуништување на личност што немала потреба од пари“.
Откако Ледерхас-Окун ја напуштила компанијата „Тифани енд Ко“ во февруари, е откриено дека земала 164 парчиња накит, поради природата на работата што ја имала, но дека никогаш не го вратила.
Меѓу исчезнатите парчиња накит се наоѓаат голем број дијамантски нараквици до 18-каратно злато, обетки и прстени од злато и платина со драгоцени камења.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)