![]()
Компанијата „Лајонсгејт“ ќе снима телевизиска серија за создавањето на социјалната мрежа „Твитер“ . Серијата ќе се снима според книгата „Твитер: вистинската приказна за парите, моќта, пријателството и предавството“, која е на листата на најдобри бестселери на „Њујорк тајмс“. Книгата открива како четворица пријатели ја создадоа една од најпознатите социјални мрежи во светот, а писателот Ник Билтон ќе биде сценарист на серијата и главен продуцент.
Според соопштението кое го објави продуцентската компанија, серијата ќе расветли неколку делови за „Твитер“ кои најчесто остануваат во заднина, како на пример односите меѓу основачите, судирот, влијанијата, моќта и предавството.
– „Твитер“ во последните неколку години го смени скоро секој дел од нашиот живот – од политиката, преку деловниот свет и пријателствата и навистина не можам да замислам подобар момент од овој приказната да се претвори во ТВ-серијата. Посебно, сега кога компанијата е на берза – изјави претседателот на „Лајонсгејт“, Кевин Бегс.
Книгата на Билтон ги има сите елементи на одлична драма со сложени ликови и возбудлива борба за контрола на влијание, моќ и пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


