| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинетиот Македонец во Србија за големата сообраќајка: Каде ми е сопругата, каде е синот?

sudar srbija2

Во Србија е уапсен Македонец кој се сомничи дека е виновен за верижниот судир на 36 возила на автопатот Белград-Загреб.

Македонецот за „Вечерње новости“ си ја отвори душата и сведочи за хоророт кој го преживеал.

– Сѐ ме боли. Каде ми е сопругата? Каде ми е синот? На снаата ѝ ја отсекоа ногата – низ солзи зборува Македонецот.

Тој раскажува како се случила несреќата.

– Одевме од Италија за Македонија на годишен одмор. Мојот син возеше, сопругата седеше покрај него, а одзади мојот втор син, снаата и јас. Од назад на нас удри некој џип, со швајцарски регистарски таблички – вели тој за „Вечерње новости“.

За потсетување, во несреќата меѓу повредените имало и македонска државјанка која била задржана во Ургентниот центар во Белград. Жената имала тешки повреди на прешлените и на колковите, а покрај неа со полесни повреди се здобил и уште еден државјанин од Македонија. Меѓу повредените има и деца, а тројца се во критична состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top