Македонски плејбој зајачици се дружеа со гостите на кумановскиот ноќен клуб “Лолипоп”, на тематската забава наречена “Плејбој парти”.
“Девојките се македонски модели, не се гостинки од Србија или од Бугарија, како што е случај на сличните настани. За првпат кај нас се одржа вистинска домашна плејбој забава”, велат менаџерите на клубот за Вест.
За жал, девојките не беа облечени во корсети и не ги истакнаа бујните деколтеа, како светските плејбој зајачици. Но тоа не им пречеше на гостите во клубот трпеливо да чекаат на ред да се фотографираат со нив. Минатиот месец, во истиот клуб две згодни белграѓанки се капеа во базен од чоколадо, а претходниот викенд се одржа вертиго забава со атрактивни танчарки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.