Американската пејачка Бритни Спирс призна дека боледува од социјална фобија. Се работи за страв од средби со непознати луѓе или од некои социјални ситуации.
Спирс, која во 2008 година доживеа нервен слом, рече дека отсекогаш била многу срамежлива.
– Кога сум на сцена, се претворам во друга личност. Тоа е мојата друга личност. Биполарно нарушување. Не сум целосно создадена за оваа индустрија затоа што сум срамежлива. Со тоа не се носам воопшто добро – изјави Бритни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.