Ким Џонг-ун, лидерот на Северна Кореја бил пијан кога наредил егзекуција на двајца негови советници. Според пишувањата на странски медиуми, советниците биле блиски до неговиот тетин Џанг Сунг-таек, кој неодамна беше сменет од позицијата втор човек во земјата и ликвидиран, тврди јапонскиот весник „Јомиури Шинбун“.
Двајцата биле егзекутирани откако го известиле Ким Џонг-ун дека не успеале веднаш да го реализираат неговото барање да и биде предаден на армијата еден профитабилен бизнис.
Двајцата екзекутирани работеле во административниот оддел на владејачката Корејска работничка партија.
Според јапонскиот весник, нивната судбина „била запечатена“ кога тие го известиле Џанг за нивната работа, не знаејќи дека неговиот телефон бил прислушуван.
Ким Џонг-ун бил мошне вознемирен кога разбрал дека не е завршена работата што им била задаена на двајцата соработници. „Јомиури Шинбун“ тврди дека покрај тетинот на лидерот, во операцијата на „средување на власта“ се убиени уште осум други лица, сите блиски соработници на поранешниот втор човек во државата и партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пијан ја тепал сопругата и децата, ги заклучил четирите деца во соба, најмалиот се оснесвестил
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Жив штит: Вака се чува лидерот на Северна Кореја!(видео)