| четврток, 6 декември 2018 |

Шведско НЕ за азилантите

80 проценти од шведските општини веќе не можат да примат бегалци и емигранти. земјата годинава прогнозира 54 илјади барања за азил

Новите сознанија од анкетите, само 20 проценти од општинските власти одговориле дека нивните општини би требало да бидат подготвени за прифаќање на поголем број бегалци и имигранти. Во спроведеното анкетирање во врска со можни промени на начинот и обемот на прифаќање на азиланти, учествувале вкупно 203 шведски општини во речиси сите делови на земјата. Според актуелните прогнози, годинава во Шведска се очекува 54.000 лица да поднесат барање за азил.

Шведскиот Завод за миграции се соочува со се поголеми тешкотии да обезбеди сместување, бидејќи постојано се намалува бројот на општините кои можат да понудат слободни станови за азиланти на кои им се одобрува дозвола за престој.

Во рамките на ЕУ само Франција и Германија прифаќаат поголем број азиланти од Шведска. Но кога бројките ќе се стават во сооднос со големината на наслението, Шведска прифаќа најмногу баратели на азил во цела ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top