„Најчевска ќе изеде вреќа сол и ќе ги избрише сите кои и ќе помислат дека двете имаме идентични или слични ставови по некои јавни работи, што зборува за лична нетрпеливост која го надминува и принципот на општа солидарност, па и почитувањето на слободата на мислење на ФБ пријателите. Јас не ги бришам тие кои и се пријатели на Најчевска“.
Ова на својот фејсбук профил денеска го напиша професорката Билјана Ванковска откако вчера Мирјана Најчевска ги замоли сите свои пријатели на фејсбук да се избришат од нејзината листа на пријателство ако во исто време се пријатели и со Ванковска.
„Уште еднаш ги молам сите мои пријатели кои мислат дека Ванковска вреди да биде слушната, промовирана, споделена и лајкувана, да го напуштат пријателството со мене. Тие кои ќе спомнат, инсинуираат или на било каков начин ќе намнисаат дека постои сличност меѓу мене и Ванковска и меѓу моите ставови и нејзините, ќе бидат веднаш блокирани. Јас почнав да ги бришам/блокирам од пријатели некои за кои веќе имам податок, ама навистина би ми го олесниле многу животот ако сами се избришите. Однапред благодарам“, напиша Најчевска на својот ФБ профил.
Двете професорки и предходно во неколку наврати како што своевременто пишуваше Утрински весник имаа вербален конфликт за различни прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ванковска: Бојкотирам сме ние, видливото мнозиноство од кое се плаши оваа забегана власт!
-
Ванковска: Она горчливо чувство кога кривичниот прогон не ти дава чувство на правда и сатисфакција!
-
Ванковска: Манифестот на Венко е нов Илинденски манифест, како порака дека треба да се фатиме за работа!
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“