| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи: Бранко е политички дилетант

Лу­ѓе­то над­вор да до­би­еа ин­фор­ма­ции де­ка вна­тре не­кој те­пал пра­те­ни­ци, или недај Бо­же е уби­ен пра­те­ник, се­то тоа не­ма­ше да ли­чи на Ам­ди Ба­јрам или на Зе­ки­ри, ту­ку мо­же­ше ќе дој­де до ди­ре­ктен ме­ѓу­на­ци­о­на­лен конф­ликт

По­ли­ти­ча­ри со 18 го­ди­ни не пра­ват ва­кви гре­шки. Да трг­неш да бло­ки­раш бу­џет не е ан­ти­у­став­но, ту­ку ан­ти­де­мо­крат­ско од­не­су­ва­ње, по тоа има са­мо те­ро­ри­зам. Мо­же за дру­ги пра­ша­ња за сло­бо­да на ме­ди­у­ми за чо­ве­ко­ви пра­ва, те до­бил на из­бо­ри и чао, ќе збо­ру­ваш до 5 до 12 и тол­ку. Ви пренесуваме дел од разговорот на Република со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, објавено во денешното издание на магазинот Република.

Оценeте ја ко­а­ли­ци­ја­та на Бран­ко Цр­вен­ков­ски, Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски, Ти­то­ви­те ле­ви си­ли. Кол­ку би оп­ста­нал тој блок?

Тачи: Тоа се вна­треш­ни по­ли­тич­ки оп­ции на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја, не е до­бро да ги ко­мен­ти­рам, не са­кам да се по­и­сто­ве­ту­вам со нив, иа­ко во по­ли­ти­ка­та сме исто вре­ме. Се­пак, има раз­ли­ки, јас не сум бил ин­сти­ту­ци­ја: пре­тсе­да­тел или пре­ми­ер. Што би се рек­ло да имам ди­рект­на од­го­вор­ност и за се­гаш­на­та со­стој­ба.

По­ли­тич­ки тоа тоа би го ква­ли­фи­ку­вал ка­ко та­кти­ка без стра­те­ги­ја. Во по­ли­ти­ка­та е мно­гу важ­но вие да си не­гу­ва­те ва­ша ал­тер­на­ти­ва, ва­ша пла­тфор­ма, про­гра­ма. Не­кол­ку ме­се­ци раз­го­ва­рав­ме со ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја и, нај­и­скре­но, на кра­јот за­бе­ле­жав де­ка тие не се раз­ли­ку­ва­ат од вла­ста во две­те мно­гу важ­ни ра­бо­ти за ме­не – ин­те­гра­ци­и­те и ме­ѓу­ет­нич­ки­те од­но­си. Не за­бе­ле­жав ал­тер­на­ти­ва, нов на­чин на мис­ле­ње и тоа мно­гу ми пре­че­ше. Точ­но де­ка Стру­га бе­ше тех­нич­ки проб­лем, кој до­ве­де до пре­ки­ну­ва­ње на тој до­го­вор, но не­ма по­ли­тич­ка ал­тер­на­ти­ва….

Вие на не­кол­ку па­ти се сли­ка­вте, се до­го­ва­ра­вте, па на крај не се до­го­во­ри­вте. Да­ли ги откри Бран­ко Цр­вен­ков­ски пред Вас овие пла­но­ви за на­силс­тво?

Тачи: Од мо­ја стра­на, раз­го­во­ри­те имаа сим­бо­ли­ка, де­ка ДПА ста­ну­ва си­лен по­ли­тич­ки фа­ктор…

Од 2009 го­ди­на, бу­квал­но, сме со но­ва пла­тфор­ма. Ние имав­ме ко­рист од раз­го­во­ри­те. Се­пак, ло­кал­ни­те из­бо­ри се ад­ми­ни­стра­тив­ни, не се ра­бо­ти за го­ле­ма по­ли­ти­ка и се до­го­во­рив­ме прин­ци­пи­ел­но да се под­др­жу­ва­ме, но, очиг­лед­но, си имаа дру­ги пла­но­ви, по­важ­на им бе­ше под­др­шка­та за го­ле­ма­та по­ли­ти­ка. Не ус­пе­ав­ме за ни­што да се до­го­во­ри­ме. Од на­чи­нот ка­ко ги по­ста­ви­ја ра­бо­ти­те не се раз­ли­ку­ва­ат од вла­ста во вр­ска со ин­те­гра­ци­и­те и со ал­бан­ски­те пра­ва. Ни­ту за дру­ги­те пра­ша­ња не­мав­ме до­го­вор, поч­ну­вај­ќи од ин­тер­пе­ла­ци­ја­та на Вла­да­та, па ни­ту до пос­лед­ни­те слу­чу­ва­ња. За ни­што по­тоа не бев кон­сул­ти­ран, ве­ќе три ме­се­ци не се гле­да­ме.

Ка­мен на соп­ну­ва­ње бе­ше Стру­га, важ­на за ДПА. Уште од 2001 го­ди­на по­сто­ја­но сме под про­во­ка­ции, при­ти­сок од ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја, де­ка ако не игра­ме по нив­но ќе има­ат ал­тер­на­ти­ва, на при­мер пр­во со Имер Сел­ма­ни, а се­га со Ру­фи Ос­ма­ни за ин­тер­пе­ла­ци­ја­та и за пос­лед­ни­те слу­чу­ва­ња. Под­др­шка­та од Ос­ма­ни ја сме­там за не­ко­рект­на и за не­прин­ци­пи­ел­на по­ли­ти­ка кон мож­ни­от иден парт­нер.

Со СДСМ сме има­ле де­це­ни­ски кон­фрон­та­ции и иде­о­ло­шки и по­ли­тич­ки. Мо­же­би се на­де­ваа де­ка ќе ус­пе­ат да ос­тва­рат со­ра­бо­тка ка­ко што ус­пе­ва­ат со дру­ги­те нив­ни ал­бан­ски парт­не­ри. Де­ка „ќе нѐ дис­цип­ли­ни­ра­ат“. Сѐ ур­наа пред не­кол­ку ме­се­ци, ко­га од­бив­ме да пре­го­ва­ра­ме.

Ста­на ли збор за ва­кви­те че­ко­ри, за ва­кви пла­но­ви, од ули­ца и со на­силс­тво да се ури­ва, ка­ко што ве­лат, не­де­мо­крат­ска­та власт?

Тачи: Не, нај­и­скре­но, не. Да­ли не­ма­ло хра­брост да се спо­де­ли, не знам. Не ста­на збор за ва­кви ра­бо­ти. Мис­лам де­ка се­ри­оз­на опо­зи­ци­ја не би на­пра­ви­ла та­кви че­ко­ри.

Ова ќе ли­чи суб­је­ктив­но, но јас имам цвр­сти ста­во­ви и сум поз­нат по тоа, но сум поз­нат и по тоа де­ка 19 го­ди­ни ни­ко­гаш не ја згаз­нав цр­ве­на­та ли­ни­ја на де­мо­крат­ски про­це­си и на по­ли­тич­ко од­не­су­ва­ње. Ста­ну­ва­ше збор за мно­гу ра­бо­ти, кои ме­не ми се чи­неа не­се­ри­оз­ни.

Јас се­ко­гаш ве­лев де­ка без ал­тер­на­ти­ва, ако се ими­ти­ра вла­ди­на­та по­ли­ти­ка, те­шко де­ка не­кој би ги сфа­тил се­ри­оз­но. И на­ро­дот се пра­шу­ва што да се пра­ви. Мис­лам де­ка ние се од­не­су­вав­ме од­го­вор­но. Пр­во, бу­џе­тот бе­ше ист ка­ко во 2012 го­ди­на. Вто­ро, не сме­е­те да ос­по­ру­ва­те бу­џет на вла­да на мно­зинс­тво, из­бра­на на из­бо­ри што ги приз­на­вте. Тре­то, сме­та­ме де­ка бу­џе­тот е не­пра­ве­ден кон Ал­бан­ци­те, до­де­ка СДСМ сме­та де­ка е не­пра­ве­ден кон гра­ѓа­ни­те. Че­твр­то, зву­чи ци­нич­но, но, се­ри­оз­но, ден­та збо­ру­вав­ме за дво­лич­но­ста во пар­ла­мен­тот, се оне­воз­мо­жи да се збо­ру­ва во пар­ла­мен­тот. Пет­то, ва­кво­то од­не­су­ва­ње тре­ба да се ана­ли­зи­ра се­ри­оз­но. Ко­га ре­шив да ви да­дам ин­терв­ју, ре­шив да би­дам искрен до крај. Се сме­там за мен­тал­но здрав. За­мис­ле­те јас и мо­и­те пра­те­ни­ци во Со­бра­ни­е­то, а над­вор по­ви­ка­ни 40-50.000 Ал­бан­ци, па да поч­не конф­ликт со обез­бе­ду­ва­ње­то со мо­и­те пра­те­ни­ци, кој не­ма­ше да би­де тол­ку ко­ми­чен кол­ку што бе­ше. Лу­ѓе­то над­вор да до­биеа ин­фор­ма­ции де­ка вна­тре не­кој те­пал пра­те­ни­ци, или недај Бо­же е уби­ен пра­те­ник, се­то тоа не­ма­ше да ли­чи на Ам­ди Ба­јрам или на Зе­ки­ри, ту­ку мо­же­ше ќе дој­де до ди­ре­ктен ме­ѓу­на­ци­о­на­лен конф­ликт. Тре­ба да се сло­жи јав­но­ста де­ка на­ше­то по­ли­тич­ко од­не­су­ва­ње мо­же­ше да до­ве­де до тен­зии и, не дај Бо­же до конф­ликт, кој те­шко мо­же да се кон­тро­ли­ра. За­мис­ле­те ме ме­не ка­ко ли­дер на ал­бан­ска­та опо­зи­ци­ја да га­зам ба­ри­ка­ди и да трг­ну­вам да го осво­ју­вам Со­бра­ни­е­то. Тоа ќе бе­ше ка­та­стро­фа за си­те нас. Ни­кој не оче­ку­ва де­ка ќе се од­не­су­вам та­ка. Ќе се бо­рам „на мр­тво“ за мо­и­те по­ли­тич­ки це­ли и пла­тфор­ма да ги ста­вам на ма­са, но не­ма да га­зам по цр­ве­ни­те ли­нии, кои мо­жат да пре­диз­ви­ка­ат конф­ли­кти.

Мис­лам де­ка не­маа до­бра ана­ли­за на ра­бо­ти­те. Не мо­же­те со зап­ла­шу­ва­ње и со ин­си­ну­а­ции да по­стиг­не­те це­ли. Исти­от ден се по­ја­ви­ја ал­бан­ски ана­ли­ти­ча­ри, кои ди­рект­но ме­не ме кри­ти­ку­ваа зо­што не сум го бој­ко­ти­рал пар­ла­мен­тот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top