| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид го повтори рекордот со 23 победи во низа

Реал Мадрид има одличен тим и во кошарка, а Серхио Љуљ, Руди Фернандес, Серхио Родригес и останатите ѕвезди на „кралевите“ со 23 победи во серија го повторија рекордот од сезоната 1960/61.

Во тој состав од пред половина век, еден од главните играчи беше Пепе Ласо, таткото на сегашниот тренер на Реал Мадрид, Пабло Ласо. Во импресивната низа од 23 победи што е реализирана по последниот триумф над Валенсија, вчера, се сметаат успешните настапи во домашното првенство, во шпанскиот Суперкуп и во Евролигата. Во шпанскиот шампионат Реал е лидер со 11 победи без пораз, во Евролигата го освои првото место во групата со десетка, без неуспех, а на двапати славеше и во Суперкупот на Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top