| четврток, 6 декември 2018 |

Сиријка ја одмаздува смртта на своите деца со снајпер

Граѓанската војна во Сирија ја претворило учителката по англиски јазик во вистински професионален војник, кој сее страв меѓу војниците на сирискиот претседател

Жената што ја нарекуваат Гевара им се приклучила на бунтовниците откако ѝ ги убиле седумгодишната ќерка и 10-годишниот син во воздушен напад во градот Алепо зарекувајќи се дека ќе ја одмазди нивната смрт.

– Нема да ја заборавам крвта на моите деца. Се колнам дека ќе ги одмаздам – рекла за британски „Телеграф“ 36-годишната учителка, по потекло од Палестина.

Во репортажата на весникот се вели дека учителката изгледа како сосема да ја прифатила новата реалност.

– Во последните месеци видов стотици трупови. Многу луѓе се убиени за време на гранатирањата и на воздушните напади. Неколку пати и сама бев на такви места и знаев дека смртта е многу блиску – раскажува Гевара.

Нејзините деца настрадале кога куќата ја погодила ракета. За тоа што сега го прави, пак, Гевара го сметала како нејзина нова задача, која од неа бара трпение, брзина и интелигенција.

– Ја сакам борбата. Кога некој од моите соборци ќе загина чувствувам потреба да ги одмаздам. Не пукам додека цивилите не се тргнат од улица. Пукам само кога има војници во градот. Имав четири или пет погодоци. Чувството е добро. Кога ќе погодам извикувам „да“ – раскажала Гевара, но и признала дека многу често се буди во солзи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top