| четврток, 6 декември 2018 |

Грипот се шири

Нови 1.869 лица со симптоми на грип се пријавени во периодот од 28 јануари до 3 февруари

свински грипПеттата недела од појавата на грип заболени се 1869 нови регистрирани. Статистички со грип се заболени 9 проценти повеќе, во однос на претходната недела, покажуваат последните податоци од Институтот за јавно здравје за состојба со грип во државата. Се предвидува порастот на активноста на вирусот на грип да трае и во наредните две до три недели.

Инаку, од почетокот на сезоната на грип до сега се пријавени 5.343 лица со симптоми на грип.

Најмногу заболени има во Скопје-1.079, Струмица-730, Гостивар-661, Тетово-619 и помалку во останатите градови, додека во Берово и Виница немаат пријавено случај со грип.

Минатата недела лабораториски биле тестирани вкупно 26 примероци од заболени лица сомнителни на грип, од кои 15 се позитивни на инфлуенца тип А (14 со А H1N1 и еден е нетипизиран),  а 2 примероци биле позитивни на инфлуенца тип Б.

На Инфективната клиника има тројца пациенти, кои се лекуваат на одделението за интензивна нега и се во групата пациенти со ризик или со претходни хронични заболувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top