Скопјанец развил необичен „бизнис“. Фалсификувал документи за вработување во АРМ со кои полесно се добивало кредит вио банка. Меѓутоа банките го откриле фалсификатот, па фалсификаторот и корисниците на документите се уапсени.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.А.(42) од Скопје, за сторено кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправа“ и против С.М. (27) од Куманово за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „измама при добивање кредит и друга погодност“. Во јули 2012 година, Б.А. на С.М. му понудил да му помогне при добивање кредит, по што со штенбил и печат од Генерал Штаб на АРМ му заверил документи на С.М. во кои било наведено дека С.М. работи во АРМ од 2009 година, а потоа С.М. ги употребил за добивање кредит.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.А.(42) од Скопје, за сторено кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправа“, В.Т. (34) за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „измама при добивање кредит и друга погодност“ и Д.Т. за „поттикнување“ во врска со наведените дела. Во јули 2012 година, Б.А. по барање на Д.Т. изготвил лажни документи за подигање на кредит на име на В.Т. во кои било наведено дека В.Т. работи во АРМ од 2005 година, по што истиот ги употребил за подигање на кредит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.