Шест нови, досега необјавени песни на Тоше, снимени низ неколку различни европски студија, ќе бидат објавени во рамките на вториот постхумен албум.
Во албумот, кој се очекува напролет, се собрани шест песни од страна на неговиот соработник и продуцент Енди Рајт и неговиот зет Славен Ристески.
– Завршивме со продукцијата на три песни, а сѐ што ќе биде заработено од неговиот постхумен албум ќе биде вложено во другите – изјави Ристески.
Тој додава дека луѓето што имале шанса да ги слушнат недовршените песни биле воодушевени и верува дека публиката ќе ги прифати убаво.
На 16 октомври годинава се навршија шест години од прераната и трагична смрт на македонскиот музичар Тоше Проески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.