
Новоформираниот Совет за јавни набавки ќе има задача да издава специфични согласности за реализација на специфични јавни набавки, како и специфични согласности за реализација на јавни набавки во специфични услови, најави денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Советот ќе биде составен од пет члена кои ги именува Владата за период од 4 години со право на реизбор.Владата веќе го има распишано јавниот конкурс за членови на Советот за јавни набавки, кој ќе трае до петок.
Советот ќе функционира во рамки на Бирото за јавни набавки, а неговите членови ќе ги бира владата, пред која и ќе одговара за својата работа.
– Предвидени се четири видови согласности кои ќе ги издава Советот за јавни набавки. Станува збор за согласност за техничките спецификации, во случаи кога на пазарот нема најмалку пет производители или понудувачи кои може да ги задоволат техничките спецификации,согласност за критериумите за утврдување способност, ако условите за способност не ги задоволуваат минималниот број понудувачи утврдени со законот, зависно од видот на постапката, согласност за користење на критериумот економски најповолна понуда, согласност за групирање на повеќе ставки во еден дел – и тоа во случаи само кај набавката на лекови, потрошни медицински материјали и медицински помагала – објасни Ѓорѓиев.
Советот има рок од десет работни дена да одлучи дали ќе издаде согласност, а овој рок може да се продолжи за уште пет работни дена кај набавките над 500.000 евра. Ако Советот не издаде согласност, набавувачот не смее да го објави огласот со тие услови или критериуми кои биле предмет на барање согласност.
Лицето кое аплицира за членство во Советот за јавни набавки треба е македонски државјанин, да има најмалку три години искуство во областа на јавните набавки, решенија за распоредување на соодветно работно место поврзано со јавни набавки, потврда за положен испит за лице за јавни набавки, препораки од претходни работодавачи за успешно вршење на работни задачи од областа на јавните набавки и други документи што кандидатот ги смета за соодветни за докажување на искуството во областа и да има завршено високо образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


