Утрото од првиот ден од оваа недела ќе почне со претежно ведро време и висока облачност низ поголем дел од земјава, а долж Повардарие со магла, пред сѐ во скопскиот регион. Потоа, сончевото време ќе биде одлика на овој понеделник речиси во цела Македонија, пишува Метеопро.
Минималната температура ќе се спушти до околу -5°С во поголем дел од котлините низ земјата, а во гевгелиско-дојранскиот регион со минимална до -3°.
Дневниот максимум во поголем дел од земјата ќе има вредност околу 9°С, а на југот на Повардарие помеѓу 11°С и 13°С.
Во Скопје ќе има претежно магловито време, но околу пладне очекуваме маглата значително да се намали. Минималната температура ќе се спушти до -7°С, додека максималната ќе достигне до 2°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


