| четврток, 6 декември 2018 |

Маглата и сексот: ќе го видиме резултатот во август

tanja aleksicГо живеам и дишам Карпош, кој деновиве во близина на новиот трговски центар наликува на Готам Сити, но наместо Бетмени и Џокер, еуфорично шетаат од „Ла прованс“ – го опишува животот во магла Татјана Алексиќ, професорка, но и авторка и водителка на ТВ- емисијата „Сексуална азбука“.

– Маглата и сексот ја имаат неизвесноста како заеднички именител, секако секој со својата замаглена фантазија. Загаденоста, секако, и советот од таткото на градот да си седиме дома ја зголемува можноста за домашен секс. Кога не смееш да трошиш калории шетајќи, тогаш можеш водејќи љубов. Домаќински, ама не и очајно, маглата нѐ зближува. Мислам дека треба да очекуваме зголемен наталитет во август следната година – предвидува Алексиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top