Нема паричен надомест за триесетина поранешни вработени од велешка „Порцеланка“ бидејќи не ја тужеле навреме државата, потврдил во Велес директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, пренесе телевизија Телма. Вели дека само ако имаат пресуди од Управен суд и ги исполнуваат условите, ќе добијат позитивни решенија. Според него, сите седумдесетмина на кои им е одобрен надоместок по закон за стечајци од 2008 година ја тужеле државата. Поповски ги охрабрил триесетината преостанати да тужат.
Оние кои останаа без надомест веќе побарале правна помош и очекуваат дека ќе успеат да дојдат до нивните пари, пренесе телевизијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


