Вчера Кичевската полиција спречила да дојде до поголем инцидент во двоимената гимназија „Мирко Милески“ и „ДРИТА“ во Кичево, пренесува Плусинфо.
Инцидентот избувнал меѓу две групи на ученици кои биле на одмор. Неколку момчиња наводно им дофрлувале навредливи зборови на соученички, а момчињата застанале во нивна одбрана.
За настанот веднаш дознале учителите и веста брзо се проширила и кон родителите.
Поголема група на возрасни кичевчани се собрале пред гимназијата, а зад нив малолетници довикувале навредливи зборови.
Околу 15 часот во Кичево поголема група на граѓани имале мирен протест и побарале да се разреши инцидентот во гимназијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



