Околу 6.000 разновидни пиротехнички средства и 23 штеки цигари без бандероли пронашла и одзела полицијата при вчерашниот претрес на деловен објект на булеварот „Видое Смилевски Бато“ сопственост на И.С.(40) од селото Добарце информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Според него, претресот по претходна судска наредба бил извршен во периодот меѓи 14 и 15 часот, а пиротехничките средства и штеките цигари биле пронајдени во магацинот. Сето тоа било одземено и ќе е вршат дополнителни испитувања и вештачења додека сопственикот е приведен во полиција и по извршениот разговор е пуштен.
По расчистување на целиот случај, Јосифовски информира дека против него ќе има соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.