Во два верижни судари кои се случиле во Србија, две лица загинале, а повеќе од 20 се повредени меѓу кои има и три деца. Како што пренесуваат српските медиуми во несреќата учествувале 36 возила.
На автопатот во близина на патарината кај Шимановци, поради густата магла се случиле тешки сообраќајни несреќи.
Во првиот верижен судир учествувале 16, а во втората несреќа 20 возила.
На местото на несреќите упатени се медицински екипи од повеќе градови, а сообраќајот е пренасочен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.