| четврток, 6 декември 2018 |

Војдан Стојановски продолжува со фантастичните игри во Германија

vojdan stojanovski

Македонскиот репрезентативец и член на Алба Берлин Војдан Стојановски продолжува да импресионира во германското кошаркарско првенство. Алба денеска рутински дојде до победата победувајќи на гостински паркет против тимот на Раста Вехта со 88-73.
Нашиот репрезентативец беше втор стрелец за својот тим со 16 поени за нешто повеќе од 21 минута игра. Најдобар стрелец кај гостите беше Рединг кој даде 18 поени.
Тимот на Алба се наоѓа на седмото место кое води во супер лигата и има скор од осум победи и четири порази.
Тренерот Саша ОБрадовиќ најави подобри игри во продолжение од сезоната и напад на првото место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top