| четврток, 6 декември 2018 |

Утре василичарски концерт во чест на Верди

Во негова чест на програмата ќе се најдат познати арии, дуети, хорски делници и уверитири од неговите опери, од кои некои првпат се изведуваат во Македонија

Во големата сала на Македонската опера и балет (МОБ) утре ќе се изведе концертот по повод верскиот празник Василица. МОБ оваа традиција ја почна пред 18 години и на љубителите на оперската уметност им нуди можност да уживаат во едни од најубавите светски оперски арии, хорски делници и увертири.

Оваа година концертот на Василица е посветен на големиот композитор и татко на операта, Италијанецот Џузепе Верди по повод 200 години од неговото раѓање.

Во негова чест на програмата ќе се најдат познати арии, дуети, хорски делници и уверитири од неговите опери, од кои некои првпат се изведуваат во Македонија.

Диригент на концертот ќе биде Бисера Чадловска. Настапуваат хорот и оркестарот на МОБ, а ќе учестуваат истакнтите македонски оперски уметници: Славица Петровска-Галиќ, Весна Гиновска-Илкова, Благица Поп Томова, Ирена Кавкалевска, Катерина Стојановска, Цветан Стојановски, Ѓорѓи Цуцковски, Борис Трајанов, Ристе Велков, Владимир Саздовски, Драган Ампов, како и тенорот од Бугарија Иван Момиров.

Ќе се изведат арии од оперите „Магбет“, „Риголето“, „Дон Карло“, „Трубадур“, „Фалстаф“, „Симон Боканегра“, „Бал под маски“, „Набуко“ и „Травијата“. Ариите на Нанета од операта „Фалстаф“ и аријата на Амелија од операта „Симоне Боканегра“ ќе се изведат првпат во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top