| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на „Огништа/Ватра – животни приказни на раселените од 2001“

ognista vatra

Книгата „Огништа/Ватра – животни приказни на раселените од 2001“ издадена од Здружението Мировна акција од Прилеп ќе биде промовирана денеска во Скопје.

Книгата „Огништа/Ватра – животни приказни на раселените од 2001“ издадена од Здружението Мировна акција од Прилеп ќе биде промовирана денеска во Скопје.
На промоцијата ќе зборуваат дел од уредниците на книгата, како и луѓето кои учествуваа во нејзиното создавање (Горан Талески, Артан Садику, Катерина Стоилевска и Фланза Јусуфи).
Книгата „Огништа“ претставува збир од 12 животни приказни за 2001-та година на лица кои во одреден период биле или се уште се раселени од разни делови од територијата на Македонија. Дванаесетте приказни издадени во оваа книга се дел од поголемата колекција на животни приказни кои Мировна акција ги собира и архивира како дел од програмата за „Соочување со минатото на војната од 2001“ со мали прекини, уште од 2008 година.
– Нашата работа на Соочување со минатото од војната во 2001 во Македонија започна во 2008 година со собирање и архивирање на животни приказни од војната во 2001. Со оваа програма, се обидуваме да ги истражиме личните сеќавања на луѓето за 2001 година во Македонија, нивните искуства од тој период, како се носат со доживеаното и како гледаат на иднината на меѓуетничките односи во Македонија. Со тоа сакаме да дадеме свој придонес кон процесот на помирување во македонското општество преку отворен дијалог за војната во 2001 на лично, социјално и политичко ниво, велат од Здружението.
Промоцијата во Скопје, велат, е прва од планираните промоции во повеќе градови.
Програмата се спроведува во партнерство со Центарот за тренинг и вмрежување за ненасилна акција – KURVE Wustrow од Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top