Поранешниот министер за здраство Владо Димов си го сменил името во Владимир и работи како хирург во Бугарија, пишува бугарски онлајн весник.
Судските власти лани во февруари ја повлекоа потерницата против него, барем така пишуваше Дневник, но Димов се уште работи како хирург во болницата Токуда во Софија.
Struma.com, информативен сајт за вести од југозападна Бугарија, посвети големо внимание на бројот и имињата на македонски државјани што избегале во соседни земји, а кои требало да бидат екстрадирани во Скопје, особено на оние кои се спасиле од таа можност благодарение не бугарските државјанства.
„За бившиот министер за здравство, Владо Димов, е подигнато обвинение, бидејќи, според истражните органи, незаконски вработил 17 лица, членови или симпатизери на тогашната владејачка СДСМ, во струмичката болница. Последната информација за Димов, е дека живее и работи во Бугарија како хирург со бугарско име Владимир Димов“, пишува struma.com.
Притоа медиумот потсетува дека „со бугарски пасош во рацете, засега, спокојно спие и бившиот областен управител Владислав Тамбурковски, осуден на десет и пол години затвор за економски криминал. Всушност, Тамбурковски е обвинет за неколку дела, но ниту едно од нив не е подведено под организиран криминал“, пишува struma.com.
Текстот го пренесуваат и најтиражните бугарски весници „24 часа“ и „Труд“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.