| четврток, 6 декември 2018 |

Најуспешниот млад писател во светот се самоуби

HARPERCOLLINS CHILDREN'S BOOKS NED VIZZINI

Најпродаваниот млад писател Нед Визини, автор на автобоиграфскиот роман „Една смешна приказна“ (It’s Kind of a Funny Story) од 2006 година, по кој е снимен филм, почина во 32. година од животот.

Портпаролот на њујоршкото одделение за патологија Џули Болцер изјави дека Визини извршил самоубиство и оти неговите повреди се последица од пад од одредена височина.

Визини напиша четири романи за доцна созреаните тинејџери, меѓу кои се „Be More Chill“ и „The Other Normals“, како и повеќе есеи.

– Бев воодушевена од неговите дела. Тие се исполнети со духовитост, интелегенција и топлина. Беше најавтентичен и најсмел глас, кој некогаш сум го слушнала, изјави неговата уредничка, Алесандра Балезер.

Таа додаде дека Визини сакал да пишува за аутсајдерите, кои го бараат својот пат до машкоста.

– Тоа го правеше подобро од кој било друг, оцени Блазер.

„Една смешна приказна“ зборува за тинејџер, кој пати од депресија и размислува за самоубиство. Романот е екранизиран во 2010 година, а во филмот играат Кир Гилхрист, Зак Галифианакис и Ема Робертс.

Претходно оваа година Визини заедно со режисерот Крис Колумбус го напиша детскиот роман „House of Secret“, по кој требаше да се снима серија.

Визини, кој порасна во Њујорк, ги пишуваше и драмата на Еј-Би-Си „Last Resort“ и „Teen Wolf“ на Ем-Ти-Ви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top