| четврток, 6 декември 2018 |

Радост, тага и рекорди – женското ракометно првенство низ фотографии

Домакинот Србија стигна до финале, каде ќе се сретне со селекцијата на Бразил… Солзи, радост, голови, падови… Ова Светското првенство во ракомет за жени кое што се одржува во Србија ќе биде запаметено и по рекордот по бројот на посетители на еден натпревар. Во  Комбанк арената, каде што во петокот ракомет играа Србија и Полска, натпревар кој го добија домаќините со 24:18, беше следен од 18.236 гледачи, а тоа е нов рекорд кога станува збор за светско првенство за жени.

Пред два дена, на натпреварот Србија-Норвешка имаше 16.028 гледачи, што претставуваше нов рекорд, но во петокот беше соборен. Во недела, од 17:15 часот ќе биде одигран финалниот натпревар, а има можност и овој рекорд да се стави во опасност.

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top