
Отсуството на Наумче Мојсовски е големо за нашата репрезентација. Му посакувам брзо опоравување. Наша задача е сега да го надополниме неговото отсуство. Мора да прикажеме квалитетна игра и сега иако е потешко ќе треба да ја исполниме нашата цел пласман во втората фаза – посочи селекторот на нашата репрезентација Ивица Обрван.
Денеска беа промовирани новите дресови со кои нашите најдобри ракометари ќе настапат на светското првенство во Данска, кое започнува на 12 јануари 2014 година.
Репрезентативците денеска го имаат првиот собир, а веќе утре треба да патуваат за Пореч каде ќе биде одработена првата фаза од подготовките. Од повиканите играчи поради клупски обврски ќе доцнат на подготовките нашите „интернационалци“: Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Владимир Митков и Никола Стојчевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





