
Шведскиот Дедо Мраз Јултомтен е најбогат меѓу своите европски колеги, а следни според богатството се оние од Русија и од Франција, покажува истражувањето на Агенцијата за развој и недвижности од Санкт Петербург, која ја анализираше вредноста на имотот каде што живеат овие весели старци. Имотот на шведскиот Јултомтен е составен од повеќе објекти, шума, мочуриште и неговата вредност се проценува на повеќе од три милиони евра.
Резиденцијата на рускиот господар на зимата во градот Велики Устјуг во Вологодската област се состои од хотели, викендички, сауни, кафе-барови, базени, игралишта и лизгалишта на парцела од 10 хектари, а вредноста му е 1,7 милион евра.
На трето место е францускиот Пер Ноел со имот на Алпите вреден 1,34 милион евра, додека резиденцијата на норвешкиот Џулнајсен во зимското одморалиште Савал е проценета на 1,22 милион евра.
Најголем имот има белорускиот Дедо Мраз, кој зафаќа површина од 15 хектари, а неговата вредност стручњаците ја проценуваат на 1,05 милион евра.
Финскиот Дедо Мраз Јулупуки е најскромен. Големината на неговиот имот е 10 хектари, со што не заостанува многу зад другите, ама вредноста му е нешто помала – 736 илјади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите се загрижени дека ќе мораат да ја прекинат магијата за нивните деца: Треба ли да се лаже за постоењето на Дедо Мраз?
-
Дeдо Мраз пристигна со борбен авион во грчкиот град Лариса
-
Дедо Мраз дојде и кај нас: Сашко Коцев и Гораст Цветковски делеа подароци за децата (фото)
-
Дедо Мраз им донесе пакетчиња на децата на војниците на АРМ


