
Британската Коалиција за спречување на насилството врз жените го прогласи американскиот пејач Робин Тик за „сексист на годината“.
Ваквата неблагодарна „титула“ Тик ја доби поради спотот во кој се „трие“ од полугола девојка и Мајли Сајрус, поради неговото лигаво исмевање, како и поради текстот на песната „Blurred Lines“, кои некои медиуми го оценија како „силувачки“.
Како награда за „титулата“, Коалицијата на Тик му испрати ваучер за симнување на хитот „R.E.S.P.E.C.T“ на Арета Френклин.
На второто место на листата на „сексист на годината“ се најде премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, пред британскиот политичар Годфри Блум, новинарот на лондонски „Сан“ Том Њутон-Дан и јавниот обвинител Роберт Коловер.
Во годинешниот избор на „сексист на година“ учествувале 60 членови на Коалицијата за спречување на насилството врз жените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


