
Кинескиот милијардер Лам Кок се води како исчезнат по хеликоптерска несреќа во Франција, соопшти синоќа француската жандармерија. Според француските медиуми, хеликоптерот се урнал во река додека ги надлетувал лозјата во реонот Шато де ла Ривиер кај Бордо, кои Лим штотуку ги купил.
Жандармеријата стравува дека сите четворица патници во хеликоптерот, вклучувајќи ги и 46-годишниот Лим и неговиот 12-годишен син, се мртви.

Во хеликотерсот требало да биде и сопругата на Лим, но таа во последен момент се откажала од панорамското надлетување на лозјата, поради страв од летање.
Лим е сопственик е компанијата „Брилијант“ од Хонг Конг која се занимава со трговија на ексклузивни сорти кинески чаеви и на скап мебел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


