| четврток, 6 декември 2018 |

Нови 30 дена притвор за Мирослав Шиповиќ

miroslav sipovic

Притворот на Мирослав Шиповиќ, претседавач на Советот на општина Центар и претседател на општинската организација на СДСМ за Центар му е продолжен за уште 30 дена, одлучи денеска Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, јави Плусинфо.
За да може Шиповиќ да се брани од слобода како гаранција беше понуден стан во вредност од 70.000 евра. Освен неговото семејство, за тој да се брани од слобода, гаранција во недвижност понуди и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заменик претседателката Радмила Шеќеринска, советници од Општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски.
Претседавачот на Советот на Општина Центар и уште други 11 лица, од Скопје и од Штип, се товарат за злоупотреби во работењето, односно дека со продажба на стари делови било избегнато плаќање данок во висина од 17 милиони денари, а дека „Машинопромет“, каде Шиповиќ бил на раководна функција, бил оштетен за еден милион евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top