Фејсбук памти се што корисниците ќе напишат на својот профил, дури и тоа што не го објаваат и го бришат, покажува истражувањето на навиките на речиси четири милиони лица.
Истражувачот Адам Крамер, ангажиран од оваа социјална мрежа, ги проучувал профилите на 3,9 милиони луѓе во рамките на студијата „Самоцензура на Фејсбук“. Тој ги следел активностите на секој профил нив неговата ХТМЛ форма, што се менува секогаш кога корисникот ќе напише нешто на чат, статус или другите простори за комуникација со останатите корисници.
Иако Фејсбук тврди дека не следи кои зборови се напишани и во кој дел, истражувањето покажува дека компанијата може да одреди кои симболи, колку зборови се напишани и кога се објавени или избришани.
Истражувањето покажува дека мажите почесто вршат самоцензура од жените и дека корисниците со хомогена група пријатели повеќе се самоцензурираат, најверојатно со цел да остават коментар што е најприфатлив за остатокот од групата.
Според истражувањето 71 процент од корисниците се самоцензурираат еднаш во период од 17 дена. Истражувачот тврди дека и останатиот дел од корисниците би го направиле истото, доколку истражувањето траело подолго. Најраспространет вид цензура биле коментарите.
– Речиси 33 отсто од сите потенцијални постови се цензурирани и 12 проценти од сите коментари, нагласува Крамер.
Истражувачите тврдат дека корисниците кои не објавуваат ништо водат до тоа Фејсбук да губи од вредноста поради недостигот на создавање содржини. Податоците се собираат со цел социјалната мрежа да создаде нови начини за поттикнување на корисниците да споделуваат повеќе содржини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


