| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ до Хрватска: Референдум би бил кршење на малцинските права

vukovar_cirilicaГрупа пратеници во Европскиот парламент и упати на Хрватска отворено писмо во врска со најавата за референдум за употреба на малцински јазик и писмо.

Тоа би претставувало кршење на правата на националните малцинства, се истакнува во писмото.

Писмото е испратено од 73 пратеници кои изразуваа загриженост поради статусот на националните малцинства во Хрватска и поради можноста преку референдумот даим се намалат нивните уставни права.

Покрај европратеници, отворено писмо до Хрватска упати и невладината организација која се залага за рамноправност на јазиците-ЕЛЕН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top