| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец ќари „голф 7“

lotarija

Забавно и добитно цела 2013 година, заедно со игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Ова со сигурност го покажуваат и насмевките на лицата на нашите среќни добитници, а нивниот  број и натаму расте. Овојпат се надополни со уште едно среќно семејство чијшто член во Новата 2014 ќе влезе со нов прекрасен автомобил „голф 7“. Денеска во срцето на Скопје на плоштадот „Македонија“, пред специјално уредениот простор на Државна лотарија на Македонија,  нашиот најнов среќен играч ги доби своите клучеви.

Миле Михајловски од скопската населба Карпош 4 е уште еден среќен играч на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Тој 2013 година со сигурност ќе ја памети како убава и среќна година поради тоа што токму оваа година му се случи токму тој да ја освои премијата во Инстант лотаријата „7 брзина“. Како редовен играч на инстант лотаријата, тој потсвесно посакувал да освои „рено твинго“ или „голф 7“, па токму поради оваа причина и негов најчест избор од игрите на среќа на Државна лотарија на Мкедонија биле „Твингоманија“ и „7 брзина“. Во ТЦ „Скопје сити мол“ во продажното место „Експанда“ купил еден експес лоз чија премија била 40 денари, па ја заменил со уште еден. Токму вториот бил оној вистинскиот чија стрелка го насочила кон сигурната премија – „голф 7“.  Миле, пресреќен од својата премија, посакува токму со својот нов автомобил, новогодишните празници да ги дочека во Охрид.

Само за потсетување, досега покрај четирите премии автомобил „голф 7“, имаме и по еден добитник на 100 илјади и уште еден кој освои 50 илјади денари во најновата инстант лотарија на Државна лотарија на Македонија, „7 брзина“. Инстант лотаријата „Седма брзина“ беше лансирана на 10 јули годинава, а на играчите на игрите на среќа им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до одличната понуда на добивки на чело со 10 автомобили „голф 7“, обезбедени во соработка со „Порше Македонија“. Вкупниот број на добивки во новиот инстант лоз на ДЛМ е 311.030, а вкупен фонд е 26.702.000 денари, со што секој трет лоз е добитен.

Лозот „7 брзина“ содржи поле за игра, поделено на девет сегменти, прекриено со заштитен слој под кој се наоѓа стрелката и автомобилски брзинометар. Стрелката лесно го насочува играчот кон видот на добивката прекриена со заштитниот слој, додека пак на  брзинометарот се испишани видовите добивки и тоа од 0 до останатите добивки кои следат по раст, 40, 80….50.000, 100.000, заклучно со премијата ГОЛФ 7. Стрелката може да упатува само на еден вид добивка. Доколку упатува кон 0, тогаш лозот е недобитен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top