Марк Цукерберг одлучил да продаде 41,4 милион акции од „Фејсбук“, во вредност од 2,3 милијарди долари. Основачот и шеф на „Фејсбук“ се одлучил на ваков чекор за да ги намири даночните обврски.
Вредноста на акциите на „Фејсбук“ оваа година се удвоила, но до крајот на месецов е предвиден пад од 4%. Една во моментов вреди 53,54 долари.
Цукерберг не е единствениот што планира да продаде дел од својата империја. Член од управата, Марк Андресен, планира да продаде 1,65 милион акции класа А, додека компанијата „Фејсбук“ ќе продаде 27 милиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


