| четврток, 6 декември 2018 |

Ребека: Додека се пораѓав ја пеев „Твинкл, твинкл литл стар“

Макеоднската пејачка Ребека пред точно три месеци се породи со две машки близначиња.

– Доротеј и Макариј се мирни бебиња, но воопшто не личат еден на друг, едното е покрупно, а другото скоро килограм помало – открива пејачката за „Утрински“.

Шестгодишниот Макријан, првото дете на Ребека и нејзиниот сопруг Мики, одлично ги прифатил новите братчиња, но пејачката редовно одвојува барем час дневно кој му го посветува само нему.

Ребека вели дека иако последниот месец од бременоста го поминала во лежење и дека поминала малку е мачно, моментот кога тие дошле на свет – заборави на сѐ.

– Пеев! Пеев на самото породување! Ја пеев „Твинкл, твинкл, литл стар“, а Мики, мојот сопруг, беше покрај мене за време на целото породување. Инаку, со Маркијан се породив природно, а со близнаците со царски рез, и сега можам да направам убава споредба. Знам дека во последно време е хит меѓу младите мајки да се пораѓаат со царски рез, но искрено јас многу поубаво поминав природно. И покрај сите болки што траеја 12 часа, сето тоа поминува по породувањето и болката е минимална за разлика од царскиот рез, кој, сепак, е операција и 4-5 дена потоа има големи болки. Моја препорака до сите идни мајки е да се пораѓаат природно. Доколку нема потреба, нека не инсистираат на царски рез. Многу е полесно природно – вели Ребека.

Целото интервју е достапно на „Утрински весник“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top