| четврток, 6 декември 2018 |

Познати тимовите кои се пласираа во следната рунда од Евролигата

Со последните натпревари од десеттото коло од групите А, Б, Ц, Д од кошаркарската Евролига се комплетираа и групите фазата од Топ 16 која е формирана од две групи со по осум екипи.
Во новоформираните групи, Е и Ф, се пласираа најдобропласираните четири екипи од секоја од претходните групи.
Групата Е  ќе ја сочинуваат Реал Мадрид, Макаби, ЦСКА, Галатасарај, Жалгирис, Баерн Минхен, Партизан и третопласираната екипа од групата Д, а тоа може да биде Панатенаикос или Локомотив Кубан во зависност од вечерните резултати од оваа група.
Во новоформираната група Ф се пласираа Фенербахче, Барселона, Олимпијакос, Армани Милано, Анадолу Ефес, Каха Лаборал, Уникаха и четвртопласиранaта екипа од групата Д.

Евролигата продолжува веднаш по новогодишните празници, а првите мечеви се закажани за 2 јануари. Ќе се игра во систем секој со секого, што значи ќе има 14 кола. Првите четири екипи ќе се пласираат во четврт-финалето, кои потоа ќе разигруваат со тим од другата група по системот подобар од пет меча. Односно кој прв стигне до три победи.
Победниците од четврт-финалињата ќе се пласираат на завршниот турнир, кој оваа година ќе се организира во Милано во текот на мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top