| четврток, 6 декември 2018 |

Дваесет и четиригодишен неготинец загина во сообраќајка

soobrakajkaДваесет и четиригодишниот Александар Н. од Неготино утрово, околу 4.20 часот, загинал во стравотна сообраќајка. Тој бил совозач во „мерцедес“, кој удрил во семафорот и канделабрите на крстосницата на улиците Маршал Тито и Даме Груев во Неготино. Возилото го управувал Ј.А од Неготино, кој најверојатно загубил контрола и удрил прво во семафорот, а потоа и во канделабрите на улицата. Тешкоповредениот Александар Н. бил пренесен во кавадаречката болница, но им подлегнал на повредите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top