Во тешка сообраќајна несреќа синоќа, во близина на Винковац, Хрватска, загина 57-годишен возач на камион од Македонија и 37- годишен возач на „опел астра“, јавува хрватскиот веб-сајт „24 сата“.
Како што службено потврдила хрватската полиција, стравотната несреќа се случила како последица на тоа што при разминувањето на камионот со македонски регистарски таблички и камионот со српски регистарски таблички им се оштетиле ретровизорите на двете возила.
Потоа, возачот на „шлеперот“ со македонски таблички излегол од камионот и покрај десниот раб на патот се упатил до другиот камион. Но, до таму не стигнал. На него налетало возило „опел астра“ со вуковарски таблички, со кое управувал 37-годишниот З.Л.
По ударот на струмичанецот, Лучиќ удрил во задниот дел на камионот од Србија, при што на самото место загинале и возачот на автомобилот З.Л. од Хрватска и македонскиот возач, додека, пак, српскиот возач останал неповреден.
Полицијата сѐ уште ги истражува причините за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


