
Младо момче удрило во дрво и починало. Сообраќајката се случила синоќа на 15 минути пред полноќ на локалниот пат Ерџелија – Мустафино, Светиниколско. Се работи за жител на селото Ерџелија, дваесетгодишен Антонио Ш. Тој управувајќи го автомобилот марка „БМВ“, загубил контрола врз возилото, излетал од патот и директно удрил во дрво.
Од силината на ударот, 20-годишното момче починало на самото место. Увидна полициска екипа и судски истражни органи ги утврдуваат деталите за трагедијата. Телото на загинатиот е предадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


